АНА – НЕДОПИРЛИВАТА

Арт центар Оренда | Топлоцентрала (БУГ)

Режија: Надја Панчева

Времетраење: 80’
Јазик: бугарски

Со превод на македонски

Автор: Стефано Масини
Улоги: Невена Калукова, Владимирр Солаков

Продукција:

Превод: Габриела Горнева
Уметник: Јасмин Мандели
Музика: Христо Намлиев
Видео: Невена Василева, Марио Стојнов
Кореограафија: Емилија Тончева
Концепт: Даниела Екимова
Продуцент: Кремена Димитрова, Оренда Арт Центар
Копродукција: Топлоцентрала


Посветено на 18-годишнината од убиството на Ана Политковскаја.

Оваа приказна можеше да започне на илјада начини. На пример, со едно име. Владислав Сурков. Овој господин работи во претседателската администрација. Кремљ има целосна доверба во него. Го слушаат. Во 2005 година, во интерен циркулар, Сурков дословно напишал:

„Непријателите на државата спаѓаат во две категории: оние со кои можеме да разговараме и оние што не сме во состојба повторно да ги воспитаме. Со вторите не е можен дијалог и тоа ги прави непоправливи. Државата мора да преземе мерки и да ги отстрани непоправливите од својата територија“.