МАНИФЕСТ

Словенско младинско гледалишче | Театар Глеј (СЛО)

Режија: Татјана Першух

Времетраење: 90’
Јазик: словенечки

Со превод на македонски

Автор: Татјана Першух
Улоги: Желјко Хрс, Вито Веис, Ленарт Мачек, Чрт Пачник/Михаел Реберник – тромбони

Продукција:

Текст и драматургија: Боштјан Нарат
Сценографија:
Дамир Левентиќ
Костимографија:
Дајана Љубичиќ
Дизајн на светло:
Давид Орешич
Видео:
Пила Русјан во соработка со Бедрок Медија
Јазичен консултант:
Матеја Дермељ
Продукциски менаџмент:
Барбара Зонта
Инспициент:
Лиам Хледе


Во септември 1995 година, „Вашингтон пост“ објави текст со наслов „Индустриското општество и неговата иднина“, манифест потпишан со иницијалите F. C. – Freedom Club. Наскоро се откри дека зад овој „клуб на слободата“ стои еден човек – Тед Качински, кој дотогаш, цели децении, им беше познат на САД и на голем дел од светот под кодното име Unabomber.

Во поинакви околности, Манифестот веројатно би го прочитале неколку десетици читатели, но озлогласеноста на неговиот автор, кој и денес е еден од најпознатите американски терористи, речиси преку ноќ му обезбеди култен статус. Но, дали контроверзноста на авторот навистина била единствената причина поради која текстот бил интересен?

Дури и кога го читаме со децении подоцна, идеите на овој човек, одговорен за смртоносни бомбашки напади, ни најмалку не делуваат лудо. Козметичките реформи не можат да го следат незапирливиот напредок на технологијата и последиците што тој развој ги има врз човекот како суштество. Сето тоа бара од нас длабоко да ги преиспитаме темелите на нашата општествена реалност. И не само да ги преиспитаме, туку и да дејствуваме.

Дали е вистина дека само бомбите можат да нè разбудат? Одговорот на математичкиот гениј, убиец, визионер, криминалец, аматерски тромбонист и мајстор на тактиката е јасен. Човекот од шумата, Тед, кажал сè. Што можеме ние да додадеме?