ТРИ ЖЕНИ

Три жени (СРБ)

Концепт: Ирена Поповиќ Драговиќ, Кала Драговиќ и Катарина Ранковиќ

Времетраење: 60’
Јазик: српски

Со превод на македонски

Улоги: Ирена Поповиќ Драговиќ, Кала Драговиќ и Катарина Ранковиќ

Скршена опера – „Три жени“ е поетски-подвижен театар на граница меѓу концерт, опера, перформанс и документаристички театар.


Поаѓајќи од идејата за „скршена опера“, форма со која интензивно се занимава композиторката и режисерката Ирена Поповиќ, проектот гради сценски јазик, кој ги одбива строгите жанровски граници и трага по нешто поедноставно и потешко – вистината.

Три жени. Не симбол. Не тема. Факт.

Овој концепт поаѓа од она што систематски било потиснувано: женското авторство, женското знаење и женското право на јавен простор. Звукот во овој концерт не ги илустрира женските фигури. Не ги објаснува. Ги изложува. Во прекините, задржувањата и напнатостите се слуша она што историски било потиснувано, но никогаш не било отстрането.

Три жени не бараат простор. Тие го заземаат. Не нудат утеха. Нудат присуство. Не бараат согласност. Постoјат. Овој концерт не го поставува прашањето за рамноправноста. Тој го покажува нејзиното отсуство и континуитетот на борбата. Три жени. Сега.