Моје позориште (БиХ)
Режија: Тара Маниќ
Времетраење: 100’
Јазик: босански
Со превод на македонски
Автор: Милица Вучковиќ
Улоги: Џана Пињо, Ален Муратовиќ, Дариан Мехмедбашиќ, Мак Мисира
Продукција:
Драматургија: Бојана Видосављевиќ
Композитор: Владимир Пејковиќ
Сценографија и костимографија: Адиса Ватреш Селимовиќ
Видеодизајн: Тарик Бичо
Извршна продуцентка: Азра Џевахириќ
Техничар за осветлување: Анел Брутус
Тонска техничарка: Едина Хајдаревиќ
Реквизита: Елма Милак

„Смртен исход од атлетските повреди“, драматизација на истоимениот роман на српската писателка Милица Вучковиќ, е еден вид аутопсија на една љубовна врска, раскажана „од прва рака“. Ева, неодамна разведена мајка на едно момче по име Марио, цврсто верува во љубовта од бајките. Пред наши очи, Ева се впушта во фатална љубовна врска со Виктор. Љубов исполнета со шарм, топлина, недоразбирања, несигурност, објаснувања од позиција на машка надмоќ, изолација, гаслајтинг и, конечно, насилство. Љубов која ќе нè принуди да ги преиспитаме границите на човечката издржливост.
