Локомотива (МКД)
Концепт: Викторија Илиоска, Марија Хубер
Времетраење: 2х60’
Кореографија: Викторија Илиоска, Марија Хубер
Улоги: Викторија Илиоска, Марија Хубер
Викторија Илиоска, Марија Хубер ќе ни се претстават со два танцови перформанси:
НАДЕВАЈ СЕ НА НАЈДОБРОТО – ПОДГОТВИ СЕ ЗА НАЈЛОШОТО
Продукција:
Концепт и авторска реализација: Викторија Илиоска
Драматуршка поддршка: Марија Хубер
Посебна благодарност до: Елеонор де Монтескиу, Елке Уитентис, Марјока де Греф и Анастасија Пандиловска
Фотографија: © The Momentory / Suns and Stars
Нарачано од: Suns and Stars, Амстердам
МОЧУРИШНА ДРАМА (АТ)
Продукција:
Концепт и авторска реализација: Маре (Марија Хубер)
Надворешен поглед: Викторија Илиоска, Сини Фалте
Фотографија: Роња Гилмајстер
Во соработка со kweird @ failing femmes collective

Надевај се на најдоброто – подготви се за најлошото:
Kореографски истражувачки проект што на перформансот му пристапува како на подготовка за иднината во која веќе живееме. Наместо да шпекулира за далечни катастрофи, во фокусот на делото е тековната нестабилност – економска, политичка и еколошка – како состојба на живеење. Основната идеја е да се испита “опстојувањето“ како кореографска и политичка стратегија: не како отпорност сфатена како самооптимизација, туку истрајување – да се издржи подолго отколку што се очекува, заеднички да се носи тежината и да се издржат противречностите без нивно разрешување. Проектот ја третира кореографијата како организација на тела под притисок и го поставува прашањето: за што се подготвуваме кога колапсот повеќе не е исклучок, туку структурна состојба? Телото се третира и како субјект и како ресурс – преоптоварено, обновливо, исцрпено. Преку соматско истражување, текст, глас и колективни телесни партитури, Викторија Илиоска и Марија Хубер ги испитуваат инфраструктурите како втелеснети релации: кој кого носи, кој од кого црпи ресурси и како поддршката циркулира во рамките на кревките заеднички формации. Публиката и изведувачите го делат истиот простор во променливи констелации на блискост, ризик и заемност.
Мочуришна драма (АТ):
Заедно со проектот, Марија Хубер ќе одржи перформативно предавање кое ја разгледува темата на отпорноста од квир и драматуршка перспектива. Во Мочуришна драма (AT), Маре (Марија Хубер), во ликот на нивното драг алтер-его КРОКОДИЛСКА СОЛЗА, ги истражува мочуришните, флуидни граници меѓу драг-перформансот, кореографијата со предмети и филозофското предавање. Како феминистичко мочуришно суштество, Крокодилска Солза некогаш изела каубој, а денес мора одново да учи што значи да се биде ранлив и да се плаче заедно со другите. Дебелиот квир-крокодил ја води својата публика на филозофско патување низ кантри песни, лични искуства со хронична болка, стратегии за создавање отпорни простори за тагување и прашања за тоа што би можела да биде една квир, деколонијална драматургија.
