КОЛО

Kolo

Станица

Србија

автор:
Симонида Жарковиќ, Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур, Јана Миленковиќ, Исидора Поповиќ, Јована Стојиќ, Александар Стоименовски

Играат:
Симонида Жарковиќ, Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур, Јана Миленковиќ, Исидора Поповиќ, Јована Стојиќ, Александар Стоименовски

Автори и изведувачи: Симонида Жарковиќ, Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур, Јана Миленковиќ, Исидора Поповиќ, Јована Стојиќ, Александар Стоименовски
Композитор: Матија Анѓелковиќ Costume: Милош Јаниќ
Соработници и консултанти: Ана Дубљевиќ, Филип Отовиќ Вишњиќ, Олга Потпаревиќ, Стана Ѓокиќ, Вера Клупиќ, Љубина Отовиќ, Ивана Савиќ
Фотографија: Лука Кнежевиќ Стрика / Станица – Сервис за современ танц
Поддршка: Културен центар „Магацин“ – Белград
Продукција: СТАНИЦА Сервис за современ танц, Белград; Номад танцова академија Словенија, Љубљана; Номад танцова академија Бугарија, Софија; Танцфабрик Берлин и ЛОКОМОТИВА Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје

Овaa претстава на МОТ фестивалот е дел од проектот (Не)Врзани Движења, а е курирана од Биљана Тануровска-Ќулавковски

При уметничкото истражување и создавањето на претставата „Коло“, ги преиспитувавме современите манифестации на заедницата, со фокус на физичките аспекти на нејзиното прикажување преку танцовата практика. Ја испитувавме можноста и неможноста да се оствари контакт во време на промени врз основа на дигиталните технологии, користејќи ја како катализатор „новата реалност“ предизвикана од пандемијата. Народното оро [коло] беше централниот елемент на внимание во работата. Иако и други танцови техники користат физички контакт помеѓу изведувачите, ние го третиравме орото [коло] како воспоставен културен модел што го обликува искуството на заедничките моменти во колективните собири. Постојаниот физички контакт на групата, едноставноста на движењата и акцентот на заедничките активности ја формираат основата врз која го развивме нашиот материјал.

Експериментален истражувачки проект, кој го анализира функционирањето и создавањето во заедницата, можноста и неможноста за физички контакт. Централен елемент е орото.

времетраење:
50 мин.