Danse Macabre
Ле Пре/Дак Театар
Франција, Украина
режија:
Влад Троитски
Играат:
Тетјана Троитска и Дак Дотерс: Наташа Шарпе, Наталиа Халаневич, Руслана Казипова, Соломиа Мелнк, Ана Никитина
Музика: Дак Дотерс
Фотографија: Олександр Космач
Превод на титл: Кирил Мечалов
Дизајн и менаџер на светло: Асткик Хрyхориан
Превод: Ирина Дмитричин
Сценски и менаџер на звук: Дамиен Галот
Менаџер на звук: Артур Де Барy
Инспициент: Симон Фуше
Дизајн на реквизита: Роланд Би
Продукциски менаџер: Андриј Палатни
Координатор: Викторија Федорив
Извршен продуцент: Ле Пре, Нормандија
Од Евромајданот, пред девет години, брилијантната украинска музичка и изведувачка група Ќерките на Дак од Киев, се стекнаа со меѓународна популарност. Во овој перформанс „Танцот на смртта“, што е создаден кратко по почетокот на руската воена агресија, овие шест актерки и пејачки ги раскажуваат приказните на жени од Украина – приказни за војната и нивните секојдневни животи и нивните семејства и за тоа како ова го има променето нивниот однос кон животот. Ќерките на Дак се движат меѓу нивните виртуозни меѓужанровски композиции, меѓу етното, панкот, кабарето и водвил – и не само за да се наслика насилната природа на еден конфликт на еден многу моќен начин, но и за да се обрати кон хуманоста и солидарноста. На сцената се шест. Шест жени-артисти, музичарки, актерки, Украинки. Со нас се соочуваат. Се соочуваат за да пружат отпорт, за да се борат, за да продолжат да живеат; ја прераскажуваат војната и нејзиното безимено насилство, корнењето на нивните корења од татковината, прогонот, она за кое што не се зборува. Со огромна сила и ранливост, неуморно го раскажуваат нивното заминување и пристигнување, раскажувајќи ја приказната на оние што останале.
Според зборовите на „Книгата на Јов“, проткаена со песни и музика, сведоштва и приказни за војната, „Танцот на смртта“ е дело обоено со притисокот од сегашноста и од необјавените вести.
времетраење:
90 мин.
јазик:
Украински
*превод на македонски