Мoving inside out
работилница и перформанс
КРИСТА ДЕНИО, ИСКРА ШУКАРОВА
САД, Македонија
Криста Денио и Искра Шукарова ќе одржат работилница за членовите на заедницата, студентите и професионалците во танцот, театарот или која било друга дисциплина во Македонија, каде што ќе истражат интердисциплинарните пристапи кон креирањето на перформанс кој е специфичен или врзан за просторот каде што се игра. Употребувајќи танцови и театарски методологии, Денио и Шукарова ќе ги спојат практиките и техниките што се специфични за просторот, кои ги поддржуваат и учесниците во нивното истражување на техниките на раскажување на приказни и креативноста, создавањето и истражувањето и на архитектурата на галеријата Јадро, вклучувајќи го и паркот во близина, дрвјата и природата. Денио ќе се осврне на работата и истражувањето од нејзиниот проект „Проектот Мрежа“, инспириран од еколошките системи на комуникација, делењето на ресурси и преживувањето што се случува во заедниците на дрвјата и што човековите заедници можат да научат од нив. Шукарова ќе ја презентира својата работа во потсистемите на невербална комуникација за да ги употреби соматските практики како една рамка за уметнички израз.
Работилницата ќе вклучува тренинг за движење и глас, што вклучува соматски движења, развојни движења, партнерство и умешност за делење на потешката физичка работа, врз основа на Контактна импровизација и некои техники од Акциониот театар, спојувајќи ги гласот/звукоти движењето преку употреба на високоструктуирани импровизациски вежби. Оваа работилница ќе кулминира со кратки перформанси што ќе ги креираат студентите.
Како уметник, Искра Шукарова има особен интерес за релацијата меѓу телото и гласот, како и за да најде врски со природата и животните. Таа исто така истраѓува и нови начини за поврзување со публиката, како дел од процесот за креирање на перформанс. Шукарова е особено заинтересирана за интердисциплинарните пристапи каде што може да ги истражува медиумите што се среќаваат како дел од истражувачкиот процес, кој таа го дели со заедницата, како и со своите студенти.
Криста Денио работи со движење, звук и наративно раскажување. Нејзината работа во полето на перформансот во моментов го истражува креативниот дизајн на интерактивните искуства со повеќе учесници. Истражувањето и перформансот како искуства го вклучуваат и просторот каде што се престојува и често вклучуваат делови што се со строго сценарио и кореографија, но и инпровизациски интеракции. Нејзиниот интерес е околу тоа како интердисциплинарната размена може да креира нови видови на искуства, а да не се реплицираат перформанси со предвидлива природа.
Во перформансот ДВИЖЕЊЕ ОДНАТРЕ-НАНАДВОР, Криста и Искра прикажуваат заеднички резултат од нивното истражување во Скопје, овозможено од резиденцијата и поддржано од ГПС програмата Истражување на двиѓења, Меѓународниот интердисциплинарен уметнички конзорциум, КСП-Јадро и фестивалот МОТ во Скопје. По перформансот/презентацијата, ќе има и разговор со публиката каде што ќе се зборува за теми поврзани со интердисциплинарните пристапи што извираат од телото како медиум за интерактивна размена