ХИНКЕМАН

Hinkemann

Театар „Златен Елец“

Македонија

автор:
Ернст Толер

режија:
Тамара Стојаноска

Играат:
Бобан Алексоски, Талија Настова, Дритон Вејсели, Ане Блажовски, Леонида Гулевска, Бранко Михајлоски

Адаптација на текст: Тамара Стојаноска
Превод: Тамара Стојаноска и Бобан Алексоски
Авторски текстови: Tамара Стојаноска и Бобан Алексоски
Музика: Лука Тошев
Дизајнер на постер и рекламен материјал: Бојана Цилевска
Сценографија: Тамара Стојаноска
Избор на костими: Тамара Стојаноска во консултација со Весна Михајловска
Светло дизајн: Тамара Стојаноска во консултација со Сашо Тодорoвски – Штуре
Изработка на дел од реквизити: Kрон, Mosha Art
Фотографија и видео: Тамара Малкоска
Production: Театар „Златен Елец“ во копродукција со МОТ и МКЦ Скопје

Претставата „Хинкеман“ е работена според антивоената и експресионистичка драма (Der deutsche Hinkemann, 1923) на Ернст Толер чија најголема инспирација бил актуелниот историски контекст и времето во кое создава. Текстот се обидува да ја пренесе духовната ситуација на народот и истовремено бара правда и подобра иднина со цел да се исправи кривата сликата на тогашното општество. Во текстот на Толер се препознаваме и денес, а со тоа треба да се запрашаме дали воопшто нешто се менува во длабочината на човечкото однесување. Овој текст е своевидно истражување на бруталните сили што управуваат со нашиот свет – војните, социјалните неправди и немилосрдните системи на економска моќ што ја ловат работничката класа. „Хинкеман“ е како огледало на нашето општество изградено на суровост, пари и предрасуди, а оние што се различни на кој било начин, секогаш, во кој било историски контекст се исмејувани или отфрлени од толпата.

Хинкеман нè охрабрува да го видиме светот низ очите на оние што се маргинализирани и дискриминирани и дава порака за разбирање, емпатија и заедништво. Низ неговото патување се потсетуваме дека секој поединец, без разлика колку е скршен или различен, заслужува достоинство и сочувство. Oва е повик да се изгради општество што им помага на луѓето наместо да ги турка на маргините – општество каде што емпатијата е извор на сила, трансформирајќи ги не само поединците, туку и светот околу нас.

„Кој нема сила да сонува,
нема сила да живее“

времетраење:
105 мин.

јазик:
Македонски

500 ден.

сцена: МКЦ, сала Фросина