КОКОШКА

Театар Вортекс | Театар Комедија (МКД)

Режија: Теодора Силјаноска

Времетраење: 90’
Јазик: македонски

Автор: Николај Кољада
Улоги: Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Ане Блажовски, Ванеса Тримчевска, Томе Станковски, Кристина Гиева

Продукција:

Костимографија: Марија Папучевска
Соработник за сценски движења: Дарко Велиќ
Избор на сценографија и музика: Теодора Сиљаноска
Дизајн на плакат: Михаил Велески
Фотографија: Луција Спасовска


„Кокошка“ се занимава со копнежот по слобода, љубов и соништа во свет што станува сѐ постуден и апатичен. Низ апсурд, импровизација и баналност, ликовите создаваат жив театарски чин како начин да се справат со сопствениот внатрешен хаос и извитоперените вредности што ги опкружуваат. Налик на џезери, импровизатори, аматери и големи професионалци тие играат против непредвидливото и тешко изговорливото.

Во срцето на претставата е младоста, која како бесна глиста вража и ги буди заспаните копнежи за нешто поубаво. „Кокошката“ е немирна, искрена и гладна за промена, судрена со стравот, рамнодушноста и затворениот систем.