КРАТКИ ПРИКАЗНИ

Театар Антон Подбевшек (СЛО)

Режија: Сања Нешковиќ Першин

Времетраење: 60’
Јазик: словенечки

Со превод на македонски

Кореографија: Сања Нешковиќ Першин
Улоги: Матеја Железник, Лука Остреж, Филип Мрамор, Лука Бокшан, Андреј Томше

Продукција:

Коавтори и изведувачи: Матеја Железник, Лука Остреж, Филип Мрамор, Лука Бокшан, Андреј Томше
Куратор: Тевж Логар
Сценографија и видеодизајн: Атеј Тута
Костимографија: Урош Белантиќ
Mузика: Сашо Калан
Дизајн на светло: Јака Шименц
Автори на текстот во претставата: Филип Мрамор, Лука Бокшан, Андреј Томше, Тевж Логар
Текст на песната: Катја Клопчар
Јазично советување: Барбара Рогељ
Креативен дизајн: Ева Млинар
Гардероба: Наташа Рецер

Во претставата е користена и музика од Ј. С. Бах


„Кратки приказни“ на Сања Нешковиќ Першин се отвораат како прошетка низ изложба, која пред нас поставува прашања за заробеноста и замките на современиот живот. Секоја сцена делува концептуално и визуелно автономно – како артефакт на еден миг, во кој се огледуваат нашата борба, нашиот копнеж, нашето сознание. Но, сите овие слики се слеваат во една единствена приказна: во патувањето на протагонистот кој талка низ лавиринт, каде што секој сегмент крие нова замка, ново огледало на времето, а во него се прекршува нашиот однос кон слободата, љубовта, отпорот, желбата, контролата, насилството и чувствата.

Лавиринтот така не е само сцена која гледачот ја набљудува од дистанца, туку низа простори кои се отвораат како потресно размислување за нашето секојдневие. Притоа, централната мисла се свртува кон приказната на Борхес „Двајцата кралеви и двата лавиринта“, во која авторот воспоставува напнатост меѓу светот на материјата и духот – меѓу камениот лавиринт, блескавата архитектура на човечкиот ум и надменоста, и неговата спротивност: божјиот лавиринт, пустината, бесконечна и неконтролирана. Во тивка поврзаност со симболиката на Борхес, низ приказните на Сања Нешковиќ Першин, камениот лавиринт станува сцена на нашите современи замки, додека пустината се разоткрива како крајниот простор во кој отпаѓаат сите човечки обиди за контрола. И можеби токму таму, во оној миг кога се губи насоката, се раѓа можноста за слобода – мал, но непроценлив чекор надвор од лавиринтот.