„Меѓународна соработка во театарот“

Masterclass on International Collaboration in Theatre

разговорот ќе го води Ивица Димитријевиќ

ЈАРИ ЈУТИНЕН

основач на sadsongskomplex:fi/режисер/драмски писател


Театарскиот режисер и драмски писател Јари Јутинен (уметнички дитектор на sadsongskomplex:fi, од Финска) ќе биде домаќин на разговорен мастерклас за професионалци во театарот и студенти што ги истражуваат „зошто“, „кој“ и „како“ на меѓународната соработка.

Заедно ќе испитаме зошто глобалните партнерства се важни во театарскиот свет, или пак, дали се?  

Покрај филозофијата, Јутинен ќе ги открие своите искуства и искуствата на неговата фиснак театарска група што се однесуваат на меѓународната соработка и копродукцијата: како да се најдат потенцијални партнери и како со нив човек да се поврзе, како да се најдат финансии за сите дополнителни трошоци, како што се патувањето, сместувањето и други трошоци. Оваа интерсктивна сесија е скроена за да помогне да се изнајдат решенија и стратегии за да се донесе вашата работа на меѓународната сцена. Заедно.





Драмскиот писател Јари Јутинен (роден во 1959) е апсолутно еден од најактивните фински театарски артисти во меѓународни рамки. За Јутинен се вели дека не ги избегнува тешките теми и дека неговите драмски текстови најчесто се занимаваат со теми како што се: правдата, социјалните проблеми и силата на љубовта. Најверојатно неговата најпозната драма „Јас сум Адолф Ајхман“ – успешна во Авињон 2008 – го истакнува индивидуалецот зад воениот криминалец, за да се истакне баналноста на злото. Драмскиот текст „Џулиет, Џулиет“ доби покана за изведба меѓу другите изведби на XIV Меѓународен театарски фестивал на Хавана во Кува во 2011. Во 1990-тите, тој го основаше финскиот театарски ансамбл Театери Вана Јуко, каде што ги постави на сцената своите дела, заедно со многу други важни фински современи драми. Во 2007-2015, тој беше уметнички директор на Градскиот театар во Лапенранта, со што разбуди особен меѓународен интерес. Покрај Финска, Јутинен има реширано и во Русија, Луксембург, Грузија, Словенија и Италија. Неговите дела неретко биле и на турнеја во меѓународни рамки, во Грузија, Русија, САД, Куба, Естонија, Литванија, Белорусија, Белгија, Луксембург, франција, Словенија, Ерменија и Британија. Во 2013. година, Јутинен ја режирал финската премиера на драмата „Тажни песни од срцето на Европа“, на Кристијан Смед, која исто така е на турнеја низ цела Европа од тогаш. Јутинен е и основачот на театарската компанија sadsongskomplex:fi, која е базирана во Хелсинки, но работи на меѓународно ниво (од 2015). За периодот од 2016-2020 година, Јутинен го добил познатиот и високо ценет петгодишен грант за државен уметник.