МОЈОТ МАЖ

Процес (ГР)

Режија: Марија Манганари

Времетраење: 60’
Јазик: грчки

Со превод на македонски

Автор: Румена Бужаровска
Улоги: Мариа Скоула, Амалиа Кавали, Мариа Манганари

Продукција:

Превод: Александра Јоаниду
Драматургија, режија: Марија Манганари
Музика: Тодорис Иконому
Сценографија: Марија Манганари, Павлос Танопулос
Костими: Павлос Танопулос
Светло: Марија Гозадину
Движења: Сесил Микруцику
Асистент на режија: Паола Калига
Асистен на сценографија: Катерина Ариануцу
Изработка на костуми: Фани Циами, Дора Тембели
Фотографија: Марија Тултса
Графички дизајн: Tодорис Параскевопоулос


Во расказите на Бужаровска се отвора остар, но истовремено и духовит универзум на женски наративи. Иако насловот сугерира фокус врз мажите, расказите првенствено се концентрираат на жените: сопруги, љубовници, мајки, ќерки, пријателки. Тие ја прикажуваат човечката состојба низ призмата на патријархатот, истовремено мапирајќи ги – и со хумор и со сурова искреност – динамиките на односите во паровите и семејствата, сместени во современо патријархално балканско општество кое во голема мера наликува на нашето. Тие ја откриваат и нашата илузија за женската еманципација и ќорсокаците со кои се соочуваат мажите: двата пола се задушуваат во замката на традиционалните улоги. „Јас не сум на татко ми, не сум на маж ми, сакам да бидам своја“, извикуваа грчките феминистки во 1970-тите и 1980-тите. Наративите започнуваат од баналното и познатото, за потоа да се движат кон внатрешен, речиси архетипски простор, каде што тајните, лагите и конфликтите стануваат неразделен дел од човечкото соживување. На сцената, женските тела функционираат како носители на сеќавањето и искуството, не откривајќи ги само неуспешните бракови, туку и противречностите на општествата што ги создаваат.