ПОСЛЕДНИОТ ЧАС ПО КЛАВИР

Театар 071 | Перипетија (БиХ, МКД)

Режија: Нина Николиќ

Времетраење: 60’
Јазик: босански

Со превод на македонски

Автор: Аднан Лугониќ
Улоги: Селма Алиспахиќ, Џана Џаниќ

Продукција:

Сценографија и костимографија: Адиса Ватреш Селимовиќ​​
Музика: Оливер Јосифовски
Дизајн на постер: Алмир Курт Кугла
Фотографија: Велија Хасанбеговиќ
Извршен продуцент: Адна Ризван
Продицент: Сенад Алихоџиќ


Во еден стан во Бизентал, мирно гратче во источна Германија, ќе се сретнат Јасмина, бегалка од Босна и Херцеговина, и Фрау Гут, учителка по пијано. Иако доаѓаат од различни светови, двете развиле длабоко пријателство. Додека ќерката на Јасмина вежба пијано во соседната соба, Јасмина и Фрау Гут го поминуваат времето од часот во своето вообичаено дружење. Но, се покажува дека тоа ќе биде нивната последна средба.

Преку едноставна сценска поставеност и суптилна актерска игра, претставата гради интимна атмосфера во која две различни животни искуства се приближуваат и се препознаваат едно во друго.