СВИЊИ

Театар „Златен Елец“ | ЦК Битола (МКД)

Режија: Тамара Стојаноска

Времетраење: 100’
Јазик: македонски

Автор: Томислав Зајец
Улоги: Илина Чоревска, Викторија Степановска Јанкуловска

Продукција:

Превод од хрватски јазик: Тамара Стојаноска, Никола Стојаноски
Дизајн на звук, избор на музика и автор на текст за сонг: Лука Тошев
Сценографија: Тамара Стојаноска
Костимографија: Тамара Стојаноска, во консултација со екипата
Изработка на маски: Горан Спасевски
Фотогорафија: Јордан Звездоски
Дизајн на постер и рекламен материјал: Бојана Цилевска
Продуцент: Бобан Алексоски


Преку специфичниот драмски јазик, во кој се преплетуваат апсурдот, црниот хумор и гротеската, Зајец создава свет што истовремено е суров, поетичен и длабоко вознемирувачки. Оваа постановка го чита овој текст како современа општествена и психолошка алегорија што ги отвора прашањата за моќта, одговорноста, идентитетот, осаменоста, траумата, насилството и човековата потреба за бегство од реалноста.  

Во центарот на приказната се две сестри, но нивниот однос е само појдовна точка за истражување на механизмите преку кои луѓето се обликуваат, оттурнуваат и стануваат производ на средината во која живеат. Ликовите, затворени во сопствените светови, стануваат одраз на нашата потреба да ги контролираме другите, да ги проектираме сопствените неуспеси врз нив и да создаваме реалности во кои насилството станува нормализирано, наместо препознаено како зло. Претставата не се обидува да осуди, туку да разбере. Таа истражува како осаменоста, траумите од детството, недостатокот на љубов и емпатија, како и наследените модели на однесување, го обликуваат човекот. Во својата суштина, зборува за тоа како насилството раѓа ново насилство и како општеството честопати прво ги оттурнува, ги напушта и ги заборава најранливите, а дури потоа ги осудува за луѓето во кои се претвориле.