ЗАКОПАНИ ЧУДА

Глумац има времена, глумица има времена | ТАХТ (ХРВ)

Режија: Нина Виолиќ

Времетраење: 90’
Јазик: хрватски

Со превод на македонски

Автор: Моника Херцег
Улоги: Леон Лучев, Јелена Граовац Лучев

Продукција:

Костимографија: Андреа Бистричиќ
Сценографија и видео: Тони Сопрано Менеглејте
Музика: Дамир Мартиновиќ Мрле, Иванка Мазуркијевиќ
Фотографија: Валерио Барановиќ
Асистент на продукција: Роза Јуриќ
Продукција: ГлумацИма Времена, ГлумицаИмаВремена | ТАХТ


„Закопани чуда“ е мултимедијална театарска претстава за љубовта, сеќавањето и илузијата, создадена според делото на Моника Херцег. Претставата ги воведува гледачите во интимните, последни моменти на една жена, во кои сеќавањата се отвораат како оголени засолништа, а сцените во кои имагинацијата и реалноста се спојуваат создаваат густ емотивен простор. Низ три симболични простори – Рајската градина, Мостот и Станот – се влегува во просторот на еден живот исполнет со реалност и имагинација, желби и потреби. Првиот дел се одвива во Рајската градина, простор на зрелост и помирување, во кој Вечната Девојка (како старица) се соочува со минливоста. Вториот дел е сместен на Мостот, каде што се случува средбата со Вечното Момче и започнува љубовта. Третиот, централен дел се одвива во Станот на двајцата љубовници, во кој „се одигруваат сите можни варијанти на заедничкиот живот“ – нежност, страв, страст и крај.