вести

МОТ ПОВИК ЗА РАБОТИЛНИЦА

Почитувани пријатели на МОТ, на неговото 48 издание ве покануваме да учествувате на работилницата Карневал за “Себеси” на Мирза Метин на датум 17. 11.2023 во 12 часот напладне во ФДУ. Оваа работилница претендира преку серија на физички и вокални вежби учесниците да доживеат автокарневалско искуство. Вежбите главно се составени од вокални и физички анализи на традиционални курдски танци и песни.

  • Учесниците ќе работат боси.
  • Работилницата ќе вклучува интензивни предизвикувачки физички и вокални вежби.
  • Учесниците треба да носат удобна облека во црна боја.
  • Вкупното времетрање е 3, 5 часа (Прв дел: 1,5 часа, 30 минути пауза, втор дел: 1,5 часа).
  • Лимит на учесници: 16-20 учесници.

Контакт: office@mot.mk

Ве очекуваме набрзо.
МОТ Тим 2023