Оливер Фрљиќ, наградуваниот режисер со бројни ангажмани во странство, по 9 години се враќа во ЗКМ со современа обработка на рускиот класик, Браќа Карамазови, која е во форма на двојна претстава.
Претставата се состои од два дела, односно две засебни претстави:
дел 1: Сите среќни семејства се среќни на ист начин
дел 2: Сите несреќни семејства се несреќни на свој начин
Публиката може да одбере да гледа само еден дел, но може да ги гледа и двата дела, како две посебни целини.
Ако публиката гледа само еден дел од претставата, ќе добие заокружена, но делумна приказна. Може да ги гледаат и двата дела и да добијат целосна слика од оваа комплексна линија на дејството поради која овој роман се смета за најцеловитото дело на Достоевски. Двојноста најдобро е прикажана преку огледалноста на одредени ликови и нивните меѓусебни односи, но и преку сценографските и костимографските решенија, а и кастингот, со кој некои актери играат повеќе ликови, кои меѓусебно се надополнуваат. Иако досегашните сценски адаптации се држеа подалеку од односот на Аљоша и момчињата од пониските социјални слоеви, во обработката на Фрљиќ тој добива еднакво внимание како и главната линија за браќата Карамазови и нивниот татко.