45. МОТ 2020, ВЕСТИ, УБАВИ НЕШТА

Лоунли пленет е театарски пркос на пандемијата

Петмина автори во соработка со култното „Ателје 212“ од Белград за време на пандемијата ја поставија претставата „Лоунли планет“. По премиерата во јули, оваа претстава ќе биде изведена на 45. издание на Млад отворен театар утревечер во два термина во 18 и во 19 часот во Младинскиот културен центар.

„Лоунли пленет“ е претстава од имерзивен карактер, која се изведува на отворени и затворени простори, околу и во театарската зграда, намерно избегнувајќи го класичниот сценски простор, односно самата сцена. Преку колажната структура од пет авторски и изведувачки гласови, кои се испреплетуваат и се провираат едни со други, уметниците ја водат соодветно оддалечената публика на туристичка турнеја низ двете страни на паричката на утопијата и дистопијата на нашето (театарско) секојдневие. Оваа претстава е одраз на светот во првата половина на 2020 година, додека истовремено се обидува да ги преиспита формите на театар што може да се случат и покрај вирусот, и следствено на тоа, потенцијалните форми на заедништво во јавниот простор на иднината.

Димитрие Коканов, еден од авторите на „Лоунли планет“ вели дека театарот мора да опстане и да наоѓа нови форми за комуникација со публиката.

Интервју на Ана Василевска за А1он.

MOT