ВЕСТИ, ПОВИЦИ

Град Скопје / Култура во време на корона – Повик 1: Изведбени и онлајн активности

Почитувани,
Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13 април 2020 година, објави Јавен повик за финансирање на проекти, како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Се реализираа над 59 настани, и со тоа, на 10 мај 2020 година се заокружи оваа прва фаза од проектот.
Благодарност до сите што аплициравте!
Во моментов го стопираме повикот до нови насоки според следните мерки, а тогаш би го смислиле и следниот формат.
Целосно инфо тука:
_____________

Град Скопје, заедно со градските културни институции, објавува Јавен повик за финансирање на проекти, како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“.

Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои ги изгубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. 

Вид на проекти:

1. Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје;

2. Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца… во времетрење до 2 часа

Критериуми:

– Предност ќе имаат уметници/творци/артисти кои во овој период немаат ангажмани и не се вработени;

– Нема ограничување на возраст;

– Да имаат место на живеење во Скопје;

Надомест:

– Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари.

АПЛИКАЦИЈА

Повикот е отворен од 13.4.2020 и ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација. 

Kомисија составена од претставници на Град Скопје и јавните културни установи од Град Скопје континуирано ќе врши избор на поддржани проекти.

 

 

 

MOT