ВЕСТИ, ПОВИЦИ

МКЦ ПОВИК: СИРОВА КУЛТУРА 2020.1

Здраво млади!

Ајде со нас во новото издание на СИРОВА КУЛТУРА, нешто што го стартувавме лани и испадна супер!

Римајндер, идејата на Сирова култура е неколку пати годишно, на младите, независни и неафирмирани артисти, кои немаат повеќе од 25 години, да им се даде простор и време во МКЦ да го претстават она што го создаваат.

Ако правите авторска музика, а немате озвучување со кое ќе згрмите и ќе ве чујат – тука сме ние!

Нацртавте одличен стрип, а ви фали принт? Сликате супер кул, правите супер фотографии, дизајнирате супер модели, но никогаш претходно не сте се претставиле во галерија? – Пријавете се на Сирова култура!

Сте направиле театарска претстава, перформанс или инсталација, снимивте филм или видео – сцената е ваша! – Пријавете се на Сирова култура!

Ако пишувате поезија, а се срамите да ја прочитате гласно – дојдете на Сирова култура! Гарант има уште два-тројца срамежливи како вас, кои само во себе ги читаат своите стихови. Дојдете во МКЦ, сакаме да ја прочитаме вашата поезија!

Љубопитни сме да дознаеме што работите!

Затоа ве охрабруваме за клик тука:

АПЛИКАЦИЈА ЗА СИРОВА КУЛТУРА 2020.1

 

Нашиот вреден и посветен тим, до 5 АПРИЛ 2020, ќе направи селекција на пристигнатите апликации и од нив ќе ги избере квалитетните, иновативните, оригиналните… Секако, она што може реално продукциски како институција да го претставиме и реализираме.

Дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники.

Канете гости за Сирова култура – еднодневен мултимедијален настан на 16 мај 2020 година.

Ваш,
МКЦ

MOT