Фестивалска архива · обновена историска содржина до октомври 2023

Ана Каренина

November 7, 2022

Настан од архивата · 2022/11/17 · Фросина

  • сцена: Фросина

Празен простор, Кралски театар „Зетски дом“ (ЦГ)

Режија: Mirko Radonjic

Времетраење: 270’ (со две паузи)
Јазик: црногорски 

dramskistudioprazanprostor
zetskidom.me

Автор: Lev Nikolayevich Tolstoy
Улоги: Sanja Vujisic, Aleksandar Gavranic, Pavle Prelevic

Драматург: Ilija Djurovic
Композитор: Ilija Gajevic
Костимограф: Lina Leovic
Продуцент: Marija Backovic
Асистент на режија: Hanna Rastoder
Фотограф: Ana Kascelan


„Ана Каренина“ е драма во три дела (Природата на заљубувањето, Природата на времето и Природата на лудилото) и е потрага по начини да се прочита класиката на Толстој и да се влезе во дијалог со неа, и за дијалогот да биде платформа за изведувачите и публиката да размислуваат како да се сака во овие луди времиња. Фокусот на овaa поставка е самиот процес на читање и приближување кон едно книжевно класично дело преку метатеатрален пристап. Овој процес подразбира аналитички, но и критички осврт на содржината на романот од страна на сите актери, па така на почетокот на претставата сите тројца актери се претставуваат во улога на вистински луѓе, кои ќе ни го претстават романот од нивните целосно субјективни перспектива.

Претставата има еден важен квалитет: надвор од секоја фасцинација од драмскиот конфликт (кој е главниот фокус на претставувањето во реалистичните остварувања), таа го запира погледот над мисловните дигресии и брилијантните описи на Толстој.