Фестивалска архива · обновена историска содржина до октомври 2023

МОТ – повик за учество на домашни продукции

September 15, 2023

Во 2023 година меѓународниот театарски фестивал МОТ ќе го има своето 48-мо издание, во периодот од 8 до 19 ноември.

МКЦ неколку години внимателно ја следи и ја подджрува домашната независна театарска сцена, кај која последниве неколку години се забележува континуирано и иновативно делување, креативност и оригиналност. Со цел посериозно да ја вреднува работата на независната театарска сцена, МКЦ/МОТ минатата година одлучи да организира посебна селекција за домашната продукција, а за најдобрата продукција да воспостави и награда – БИШ 2023.

Како и минатата година, наградата ќе се доделува на најдобрата продукција во целост во период меѓу две фестивалски изданија, а ќе биде изразена преку копродукциско учество на МОТ во следното фестивалско издание со своите техничко-логистички и кадровски потенцијали и 3000 евра директно финансиско учество.

Покрај главната награда, доколку се појави потреба, на фестивалското жири ќе му биде оставена можност по сопствено убедување да додели и друго специјално признание или награда.

Селекцијата на претставите ќе ја прави програмскиот колегиум на ЈУ МКЦ, водејќи се од квалитетот на предложените проекти, но и расположливите техничко-организациски капацитети, а жирито ќе биде составено од меѓународна комисија.

Наградата се доделува исклучиво за домашни продукции и мнозински домашни копродукции, а предност при селекцијата ќе биде ставена на продукции што доаѓаат од млади автори, оригинални, неконвеционални и иновативни продукции.

Ги повикуваме и охрабруваме сите домашни автори, трупи и продукции да се пријават за учество на 48. МОТ 2023 година, најдоцна до 30 септември, пополнувајќи ја кусата веб-форма преку овој линк:

<a class="wp-block-button__link wp-element-butt犀利士 on” href=”https://mot.mk/aplikacii/48mot2023-mk-selekcija/”>АПЛИЦИРАЈ

Во име на моќта на театарот!

МКЦ / МОТ тим