- сцена: Галерија МКЦ
Гете-институт и Станица сервис за современ танц (СРБ)
Времетраење: 35’
Кореографија, изведба, видео, текст: Igor Koruga
Драматургија: Ana Dubljevic
Костимографија: Maja Mirkovic
Продукција: Station Service for contemporary dance Belgrade
Копродукција: Cultural center Belgrade & KC Magacin
Автор на фотографија: Vladimir Opsenica
Видеоснимка: Milos Janic
*во делото во форма на цитати се користи дел од драмскиот текст „Сцени на конструирани врски“
од Димитрије Коканов
Претставата на МОТ се прикажува во рамки на кураторската програма на (Не)врзани Движења на Локомотива

Во последниве години за време на глобалната пандемија или која било друга криза во светот, различни физички мобилности и колективна ранливост, базирани на асиметрични позиции, обврски, интереси, рефлектирајќи се од нивните актери станаа видливи во јавниот простор. Во контекст на постојаниот (дигитален) надзор на речиси сите наши мобилности и сета ранливост, ова дело истражува како да се допре телото што го допира екранот. Упатува на блискоста на допирот, кој се состои од способност да се обезбеди одговорност, и тоа не од држење дистанца и живеење надвор од светот, туку напротив, од директна работа со светот. Целта на делото е да примени специфичен кинетички и кореографски јазик на различни принципи на општествено-политичката (ко)егзистенција како форма на отпор кон денешниот сеприсутен капиталистички реализам.
Дело произлезено од долгогодишно уметничко истражување теоретски дискурси за грижата, имунитетот и негативните чувства преку кореографијата.