- сцена: сала 25 Мај
Апстарт (ОК)
Режија: Tom Mansfield
Времетраење: 60’
Јазик: англиски со македонски превод
Автор: Tom Mansfield
Кокреатор и наратор: Rianna Dearden
Кокреатор: Chloe Mashiter
Продуцент: Hannah Tookey

Годината е 2222 и човековата населба на Марс конечно ја декларира својата независност од планетата Земја. Во ова ново доба на Црвената планета, токму вие сте избрани за да помогнете во водството на човековиот народ кон иднината. Одлуките што сега ќе ги донесете ќе ја оформат историјата на вашата планета што ќе ја изучуваат идните генрации. Значи, без притисок… Забавна и интригантна, оваа интерактивна театарска игра, номинирана за повеќе награди, ве кани да си изградите сопствено општество од иднината, но и ве предизвикува да го дочувате. Ќе се соочите со политички опоненти и ќе ги браните своите граѓани од природни катастрофи, додека пак ги водите граѓаните на Марс во несигурна иднина.
Привлечна, интерактивна театарска игра за љубителите на научната фантастика, акцијата и комедијата. Дејството е сместено стотици години во иднината на Марс, каде што жителите се третирани ужасно откако на чело е расипаната стара корпорација. Ова мора да се промени! И сè зависи од вас.