ГЛУМИЦИ

  • сцена: Фросина

селекција за награда БИШ 2022

Артопија (МК)

Времетраење: 100’
Јазик: македонски со превод на англиски

artopia.mk

Автор: Колективно авторство
Играат: Natasha Petrovic, Simona Spirovska, Nenad Mitevski, Bojan Kirkovski, Martin Jordanoski, Kristina Lelovac, Nikola Nakovski, Nikola Risteski

Дизајн на сценски простор: Nenad Tonkin
Оригинална музика: Dino Imeri


Оваа претстава ја сонуваме 10 години. Почнувавме да ја правиме неколку пати. Последниот пат кога почнавме, решивме да не ја завршиме никогаш.

Прашање е дали ГЛУМиЦИ е воопшто претстава за глумици или за глумци, за театарот, за сите нас во него или за него во светот, за славата, блесокот, за сето она за што мечтаеме, за страдањето, за носењето на својот крст и верувањето. Можно е да не е. Можно е да не е ни претстава. Можно е да е нешто повеќе.

Не знаеме. Не знаеме ни дали никогаш досега не сме го правеле ова или отсекогаш сме го правиле токму ова.

Да пробаме заедно, па ќе видиме.

‘ГЛУМиЦИ’ навистина не е претстава. Таа е стоина минути од нашите животи, во кои заедно играме, плачеме и пееме за сите нас во театарот и за него во светот – за вредностите, традициите, хиерархиите, предрасудите што нè/го одредуваат.

Фросина