- сцена: сала 25 Мај
селекција за награда БИШ 2022
Филип Петковски (МКД)
Режија: Filip Petkovski
Времетраење: 35’
Јазик: македонски со англиски превод
Автор: Filip Petkovski
Танчери: Teodora Gjorgieva, Sara Cvetkovska, Stefanija Manevska, Marija Sazdovska, Jovana Zajkova, Deni Sinadinovski, Antonio Stojcheski, Balazh Luchei
Костимографија: Antonija Guginska Jordanovska, Maja Gjureska, Gordana Bozhinovska
Музика: Duke Bojadziev, Vlatko Stefanovski, Ljubojna, Boris Harfman, Hrvoje Crnic, Miroslav Tadic, DahaBraha, Mobajl Soul Sistem
Камера и фотографија: Marko Marjanovic
Графички дизајн: Ivana Mojsovska

Популус (латински „народот“) е танцов перформанс кој има за цел да ги обработи и видоизмени сите оние танци и движења, кои се врзуваат со традиционалната култура на заедниците што го населувале овој простор. Овој перформанс претставува и еден нов вид танцово изразување, особено кога станува збор за презентирање на традиционалниот танц во државава, поаѓајќи од фактот дека од 1950 година, па сè до ден-денес, не постојат нови правци на кореографирање и осовремување на традиционалниот танц, кој низ годините бил диктиран од перформативните политики на националните установи.
База и инспирација на кореографскиот опус се традиционалните танци на Македонците, Албанците, Турците и Ромите, кои се синтезирани во современ и оригинален продукт.
Кон средината на 18 век, во екот на европскиот романтизам, германскиот филозоф Јохан Готфрид вон Хердер пројавува интерес во локалните дијалекти на германската селска популација, како и во нивните приказни, митови и легенди. Колективното тело на заедницата. Но, уште побитно за европските романтичари—колективното тело на нацијата, истата онаа што за прв пат се раѓа низ овие идеи