УПМ (уметност-политика-мудрост)

  • сцена: сала 25 Мај

селекција за награда БИШ 2022

Икс на квадрат (МКД)

Кореографија и режија: Jovana Zajkova, Boban Ruseski

Времетраење: 37’
Јазик: македонски со англиски превод

x2

Играат: Jovana Zajkova, Boban Ruseski, Sara Cvetkovska, Klara Hristovska, Mikaela Andzhela Gligorova, Ilina Kostovska, Monika Sholevska, Marko Mladenovikj, Naum Gjorgjieski, Deni Sinadinovski, Tomislav Davidovski
Музика:Dejan Teodosievski
Изведува: Viva Strings Quartet
Вокал и перкусии: Zarina Prvasevda
Продукција: x squared


Секој викенд истото прашање… Да одам на театар или во кафана? Изборот е тежок, џебовите не толку многу, карта за претстава 300 ден, а грло жедно без пијачка не поминува. Епа другари и нас ни се смачи. Додека да завршиме со работа сите кафани испозатвориле. Па си викаме две у едно. И работа и задоволство. Ќе си ја земеме работата у кафана. Или во случајов кафаната на работа. Па ако сакате да се пофалите дека сте биле на театар, а всушност да се закитите со едно културолошко кафанско искуство, елајте на претстава. Ќе има мезе, пијачки, добро друштво. И жива музика ќе има. А и ние ќе настапиме исто…

сала 25 Мај