Фестивалска архива · обновена историска содржина до октомври 2023

Рефундирање средства за билети

October 21, 2020

Другари,

Поради комплетирање на процедурите за годишни финансиски извештаи, крајниот рок за рефундирање средства за откажаните/одложените настани во МКЦ е 1 ноември 2020 година. Сите оние што сакаат да рефундираат билет за настан, кој поради коронавирусот не се одржал, ги замолуваме најдоцна до 1 ноември да го сторат истото на билетарницата на ЈУ МКЦ.

Тие што нема да ги рефундираат средствата за настаните што беа одложени, ќе може да ги искористат своите билети за следниот закажан датум на одредениот настан.

Ако имате какви било дополнителни прашања, пишете ни порака.
Чувајте се!